Најмалку 30 тела биле пронајдени во чамец во близина на брегот на главниот град на Сенегал, Дакар, соопшти денеска армијата.
Морнарицата била известена за присуството на бродот синоќа и веднаш испратила патрола во областa, која се наоѓа на 70 километри од Дакар, изјави портпаролот на сенегалската армија, Ибрахима Соу.
- Напредното распаѓање на телата го отежнува процесот на идентификација, истакнува војската, додавајќи дека истрагата ќе донесе повеќе информации за бројот на загинатите и потеклото на чамецот.
На почетокот на месецот, во близина на брегот на Сенегал, се преврте чамец со 89 патници, од кои најмалку 37 загинале, според сенегалските власти.
Многу мигранти кои ја напуштаат Западна Африка преку Сенегал бегаат од конфликти, сиромаштија и недостаток на работни можности.