Израелската армија утринава изврши околу 150 напади врз цели на Хезболах во Либан, каде што исламистичкото движење истрелува ракети на израелска територија за поддршка на палестинскиот Хамас во Појасот Газа.
„Утринава имаше околу 150 воздушни напади“, изјави портпаролот на армијата.
Нападите биле извршени меѓу 6:30 и 7:30 часот по локално време.
Либанскиот премиер Наџиб Микати го осуди „планот за уништување“ спроведен од Израел.
„Продолжувањето на израелската агресија против Либан е војна на истребување во секој поглед, план за уништување чија цел е да ги избрише либанските села и градови“, рече тој.
Утринава израелската армија им порача на либанските граѓани „да се држат подалеку од целите на Хезболах“ во јужен Либан.