Силно невреме предизвика поплави и значителна материјална штета во францускиот град Кан, но нема повредени.
Обилните врнежи предизвикаа поројни поплави, а водата влезе во подруми, гаражи и продавници, а затворени се и сите училишта во градот, јавува БФМТВ.
Градоначалникот на Кан, Дејвид Линар изјави дека нема предупредување ниту од префектурата, ниту од националните метеоролошки служби, кои не го предвидуваат вчерашното невреме.
Тој на Фејсбук објави дека службите на градот Кан добиле предупредување од државата „еден час по невремето“.
Линар потврди дека многу брзо е формиран кризен штаб и дека итните служби на терен ја санирале штетата, пренесе „Ројтерс“.