Среде моќните напади на Израел врз Либан, Си-Ен-Ен ги пренесува реакциите на светските лидери за голема ескалација на насилството во кое загинаа повеќе од 500 луѓе, а илјадници беа ранети.
Повици за прекин на насилството
- Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, остро ги осуди смртоносните воздушни напади на Израел во Либан, велејќи дека тој и неговата влада „силно ги осудуваат дејствијата кои ги кршат основните норми на меѓународниот поредок“.
- Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канаани, го предупреди Израел на „опасни последици“ по нападот на Либан.
- Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ги повика Израел и Хезболах веднаш да престанат со борбите, велејќи дека Либан е на работ
- Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека бројот на жртвите на израелските напади во Либан е „алармантен“ и го повика Советот за безбедност на ОН „да го направи својот дел“. „Итно треба да го запреме патот кон војната. Двете страни мора да спроведат итен прекин на огнот“, рече Борел
- „Мојот тим е во постојан контакт со нашите колеги и работиме на деескалација на начин што ќе им овозможи на луѓето безбедно да се вратат во своите домови“, рече американскиот претседател Џо Бајден.
- Министерството за надворешни работи на Катар ги осуди воздушните напади, велејќи дека „оваа реалност ги влошува кризите, го става регионот на работ и го изложува на нови тензии кои ќе имаат големо влијание на регионално и меѓународно ниво“.
- Египет објави соопштение во кое ја изразува својата солидарност со Либан и го потврдува своето „категорично отфрлање“ на какво било нарушување на суверенитетот на Либан и неговите територии.
- Јордан, исто така, изрази солидарност со Либан и ги повика ОН да преземат акција. „Израел продолжува да го турка регионот кон пропаст на сеопфатна регионална војна бидејќи меѓународната заедница не успеа да ги заштити своите закони и вредности“, рече Ајман Сафади, министер за надворешни работи на земјата.