Руската вселенска капсула денеска тргна од Меѓународната вселенска станица со тројца астронаути, од кои двајца завршија рекорден престој во орбиталната лабораторија и се враќаат на Земјата.
Капсулата со Русите Олег Кононенко и Николај Чуб и Американката Трејси Дајсон се очекува да слета во Казахстан три часа по полетувањето од станицата.
Кононенко и Чуб стигнаа до вселенската станица на 15 септември 2023 година, а во петокот поставија рекорд за најдолга континуирана мисија до станицата.
Осум астронаути останаа на вселенската станица, меѓу кои и двајца Американци, кои претходно имале проблеми со капсулата Старлајнер на Боинг.