Еден патник починал на летот од Бугарија за Обединетото Кралство, поради што авионот бил пренасочен, јавува Sky News.
Авионот патувал од Бургас за Ливерпул кога околу два часа по летот била прогласена вонредна состојба.
Се работи за авионот Боинг 737, управуван од Џет2, кој веднаш бил пренасочен кон Германија и безбедно слетал, пред да продолжи за Ливерпул околу 22.20 часот.
Идентитетот на загинатиот не е познат. Веб-страницата за авијација „Ерлајв“ објави дека пилотите побарале дерутација откако било утврдено дека патникот добил срцев удар.
Нему му укажале помош членови на екипажот и двајца медицински обучени патници, но не преживеал.