Безживотно тело на македонски државјанин било пронајдено минатата недела на гробишта во Бремен.
Според информации од тамошните медиуми, на телото имало убодни рани по што станува јасно дека е жртва на убиство.
Полицијата потврдила дека се работи за 40-годишниот И.Д.
Телото во локва крв меѓу гробовите го пронашле луѓе посетители по што веднаш повикале полиција.
Во текот на викендот, полицијата соопшти дека лицето починало од, најверојатно, убодни рани.
Во моментот на смртта лицето носело сиви панталони, црвена јакна и црни апостолки.