Најмалку 19 лица се убиени денеска во континуираните израелски напади врз Либан, според либанското Министерство за здравство.
Речиси 100 луѓе се повредени
Министерството додаде дека во нападите биле повредени речиси 100 луѓе.
Во меѓувреме, шиитската милиција Хезболах продолжи да истрела ракети врз цели во Израел, објавувајќи дека лансирала десетици балистички ракети врз градот Хазор Ашдод и воената база на северот на земјата.
Шефот на северната команда на израелската војска рече дека Израел започна нова фаза од својата кампања и мора да се подготви за „маневрирање и операција“, се вели во соопштението на војската.
Армијата не појасни дали ова се однесува на можна копнена офанзива на југот на Либан. Но, во средата мобилизираше две резервни бригади за извршување на операции.
„Ова ќе овозможи продолжување на борбата против терористичката организација Хезболах, одбрана на Израел и создавање услови за враќање на жителите на северен Израел во своите домови“, соопшти армијата.