Во Шпанија денеска на покана на синдикатите ќе се одржат сенародни протести со цел да се постигне договор меѓу владата и бизнис секторот за намалување на неделното работно време од 40 часа за 2,5 часа.
Работодавците го отфрлаат бидејќи се загрижени за зголемените трошоци, додека социјалистите на шпанскиот премиер Педро Санчез се обидуваат да ги убедат бизнисите да прифатат план за намалување на работната недела, велејќи дека промената ќе доведе до зголемена продуктивност, објави Ројтерс.
Сопствениците на бизниси стравуваат дека предлогот ќе значи дека вработените работат помалку часови за иста плата како порано.
Поранешниот шеф на Европската централна банка, Марио Драги, во извештајот, кој беше направен овој месец за Европската комисија, изјави дека ЕУ мора да го премости јазот во продуктивноста меѓу нејзините членки за да го задржи чекорот со економските ривали – САД и Кина.
Шпанците работат повеќе часови од повеќето Европејци и, според Евростат, просечната работна недела во Шпанија била 36,4 часа во текот на 2023 година во споредба со просекот на ЕУ од 36,1 часа.
Во 2000 година, Франција воведе 35-часовна работна недела, очекувајќи дека тоа ќе доведе до отворање на стотици илјади работни места. Но, податоците покажуваат дека има зголемување на цената на работната сила и дека компаниите станале помалку конкурентни, наведува британската агенција.