Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска околу 17 часот на патот меѓу Клоштар Иваниќ и Дубрава, поточно во правец на Стара Марча, во Хрватска јавува порталот Пригорски.хр.
Според првичните информации, во судирот на два автомобили загинало најмалку едно лице, а на помош на повредените пристигнале пожарникари и Итната медицинска помош со хеликоптер.
Патот е затворен за сообраќај, а деталите за трагедијата ќе бидат познати по полициската истрага.