Македонката Наташа Соврановски (25), која беше пријавена за исчезната на 2 септември во Германија, е пронајдена мртва, објави тамошната полиција.
„Во рамки на првичната истрага имаше индиции за можно убиство. Дирекцијата за криминална полиција потоа формираше специјална комисија „Елен“. Во рамки на опсежната истрага се потврди сомнежот против 45-годишник кој имал лична врска со исчезнатата жена“, пишуваат од таму.
Мажот се сомничи дека извршил убиство од небрежност. Осомничениот лично ја познавал девојката, но не се дадени дополнителни информации.
Телото на 25-годишната Наташа е пронајдено во понеделникот во шумска област во Бад Тејнах-Завелштајн, во близина на Штутгарт. Таа последен пат била видена на 2 септември во Бад Тејнах-Завелштајн и оттогаш ѝ се губи секаква трага.
Тамошната полиција ги повика можните сведоци или сите кои имаат информации во врска со исчезнувањето и смртта на Наташа, да се јават во службите.