Приватен хеликоптер „Робинсон Р44“ се урна во областа Архангелск во Русија, при што загинаа двајца мажи.
Како што јави „Украинска правда“, повикувајќи се на агенцијата Тасс, дека во урнатиот хеликоптер бил пратеникот на Градската дума од „Единствена Русија“ Сергеј Сметанин.
Според информациите, хеликоптерот полетал од селото Бичаче кон селото Карандашевска, но набргу по полетувањето исчезнал од радарот во четвртокот и немало контакт со него. Денеска руската државна агенција Тасс соопшти дека се пронајдени остатоците од хеликоптерот.
На местото на несреќата се пронајдени и телата на две лица.
Во меѓувреме, поведена е кривична постапка, бидејќи е откриено дека летот не бил дозволен.
Според канали на Телеграм блиски до безбедносните сили, објавија дека во леталото биле пратеникот на градската дума од Единствена Русија Сергеј Сметанин и локалниот бизнисмен Алексеј Семенов. Наводно оделе на риболов.