87
Трикратниот оскаровец Даниел Деј Луис (67) го завршува своето актерско пензионирање за да глуми во режисерското деби на неговиот син, потврди во вторникот американската независна продукциска куќа „Focus Features“.
Таткото и синот го напишаа сценариото за филмот, кој ги истражува сложените односи меѓу татковците, синовите и браќата. Филмот „Anemone“ моментално се снима во Манчестер, а во него улоги добија Шон Бин, Саманта Мортон, Семјуел Ботомли и Сафија Оукли-Грин.
Неговиот син Ронан (26) е од бракот со режисерката и писателка Ребека Милер, ќерка на познатиот писател Артур Милер. Ронан е режисер и сликар кој штотуку дебитираше со самостојна изложба во Хонг Конг.
Покрај него, актерот ги има и синовите Кашел и Габриел Кејн Деј Луис.