49
Холивудската дива Моника Белучи, жена со нереална убавина, која неодамна го прослави својот 60-ти роденден и изјави дека ужива во годините, зад себе има два брака и неколку големи љубови.
Првиот брак се случи во 1990 година, кога веќе беше едно од најпрепознатливите лица на модната сцена, а судбоносното „да“ му го кажа на пет години постариот аргентинско-италијански моден фотограф Клаудио Карлос Басо. Таа тогаш имаше само 23 години, а бракот траеше само една година.
Иако се знае многу за вториот брак на Моника Белучи, со актерот Винсент Касел, со кој има две ќерки, тоа не е случај со нејзиниот прв.
Ниту за бракот, ниту за врската што ја имале меѓусебно не се пишувало, па се знае само дека соработката прераснала во романса. Свадбата се одржа во Монте Карло, но само за блиските членови на семејството и блиските пријатели, пишува италијанскиот магазин „Чи“.
En 1990 se casó con el fotógrafo de moda Claudio Carlos Basso. A tan solo un año de la unión, la pareja se divorció. pic.twitter.com/alFsp7brCN
— Roberto Rodríguez M. #SOSUCRANIA 🇺🇦 (@esosiquetetengo) September 30, 2020
А она што особено изненадува е венчаницата која актерката ја носеше тој ден, далеку од традиционалниот, бел, луксузен фустан… Во јавноста еднаш се појавија неколку фотографии, а црното издание и модното парче на Моника со качулка се уште се коментираат од многу луѓе денес.