Ураганот Милтон, најсилната категорија пет, стигна до брегот на Флорида во САД.
Милиони луѓе се евакуираа претходниот ден и сега се чека главниот удар.
Колку е силен Милтон покажува фактот дека ураганот Катрина, кој го уништи Њу Орлеанс во 2005 година и уби 1.400 луѓе, е двојно послаб од овој.
Според проценките на организацијата „Hurricane Emergency Restoration“, можно е по минувањето на ураганот поплавите да достигнат висина и до 4,5 метри.
Во видео кое кружи на социјалните мрежи, прикажана е 3Д симулација која покажува како би можеле да изгледаат улиците на американските градови по пристигнувањето на ураганот.
This is a Hurricane Milton CGI simulation that shows how destructive the storm will become pic.twitter.com/T1rjUgV4nQ
— Historic Vids (@historyinmemes) October 9, 2024
Нема сомнеж дека не само што би било се поплавено, туку брановите на вода евентуално би покриле голем број куќи, што значи само најлошото.
Ураганот Милтон ќе се интензивира во текот на денешниот ден, поради што неколку градови во САД ќе бидат изложени на ризик од торнада, предупредуваат американските власти.
Американскиот претседател Џозеф Бајден ги повика граѓаните кои се на патот на ураганот Милтон што поскоро да се евакуираат, бидејќи, како што рече, се работи за живот и смрт.
„Ова може да биде најлошата бура што ја погодила Флорида во последните сто години“, рече Бајден.
Метеорологот на CBS News Ники Нолан рече дека најновата прогноза покажува дека Милтон пристигнува над Сарасота во средата навечер кон четврток.
Училиштата во округот Сарасота, кои би можеле да бидат најтешко погодени, ќе останат затворени цела недела.
Центарот на ураганот Милтон би можел да падне на копно подоцна денеска во градското подрачје на заливот Тампа, кое не претрпе директен удар од голем ураган повеќе од еден век.