Властите на германскиот град Келн евакуираа три болници и илјадници домаќинства по откривањето на неактивирана бомба од Втората светска војна.
Бомба од американско производство тешка 1.000 килограми, опремена со преден и заден детонатор, била пронајдена при градежните работи на новиот болнички кампус.
Нејзината детонација е закажана за петок.
Беше планирана сложена процедура за евакуација од почетокот на ископувањето на локацијата пред околу шест месеци, поради стравувањата дека во областа може да бидат откриени неексплодирани убојни средства.
Во радиус од 500 метри е воспоставена зона за евакуација околу областа каде што се наоѓала бомбата.
Градските власти соопштија дека, според проценката на експертите, во областа може да има уште осум бомби.
Таквото тврдење може да се потврди само со дополнителни ископувања, додаваат тие.
Операцијата за евакуација, во која учествуваа околу 1.300 болничари, полиција, пожарникари, персонал за итните служби, медиумска кампања и 800 волонтери, и за време на која сите тропнаа на вратите на жителите за да ги информираат дека мора да ги напуштат своите домови, беше опишана од градските власти како најголема и најобемна операција за евакуација од 1945 година.
Портпаролот на градот рече дека две болници биле евакуирани во четвртокот, додека третата била евакуирана во петокот, заедно со 10.000 жители на градот.
Пациентите беа дистрибуирани во други болници или во привремено изградени засолништа. На жителите им беше понудено да се засолнат во училиштата кои беа затворени тој ден.
Во тој дел од градот во прекин е и сообраќајот и јавниот превоз.