Рано утрово, танкер со нафта се запали во близина на брегот на Балтичкото Море во северна Германија. Сите седум членови на екипажот се спасени и однесени на брегот, соопштија поморските спасувачки служби.
Три противпожарни чамци се испратени до танкерот „Аника“ во Мекленбуршкиот залив за да го изгаснат пожарот, а неколку противпожарни екипи се на пат со хеликоптер, се вели во соопштението. Танкерот со германско знаме долг 73 метри носи околу 640 тони нафта, се додава. Бродот е закотвен.