Македонската фудбалска репрезентација забележа победа од 3-0 на гостувањето кај Летонија во третото коло од Лигата на нации. Јани Атанасов го отвори резултатот во 35-та минута по акција што ја започнаа Енис Барди, Елиф Елмас и Бојан Миовски.
Откако Летонците не искористија две добри прилики за израмнување, Македонија постигна уште еден гол. Токму Лирим Ќамили во 70-та минута ја искористи грешката Летонија и постигна гол за 2:0.
Резултатот 0-3 го запечати Елиф Елмас во 93-та минута, со силен удар во аголот од голот на Летонија.
Селекторот Благоја Милевски рече дека е задоволен од резултатот и желбата на фудбалерите за триумф. Тој пофали еден од голгетерите, Лирим Ќамили.
Македонија сега има седум бода од три натпревари во четвртата група и е на прво место. Во недела Македонија ќе биде гостин на Ерменија.