Од Летонија во Ерменија. Фудбалерите на репрезентацијата на Македонија веќе се во главниот град на Ерменија, Ереван, каде во недела ќе го играат најважниот натпревар од групата против Ерменија. На последниот натпревар што се одигра во Скопје на 10 септември меѓу овие две селекции, Македонија забележа победа од 2-0. Доколку остварат победа, тогаш првото место на табелата е речиси сигурно.
Сега „црвеножолтите“ доаѓаат по победата од 3-0 во Рига, Летонија, но велат дека не се еуфорични.
Стадионот „Вазген Саргсјан“ има капацитет од 14 илјади седишта и се очекува да биде исполнет до последното место.
Натпреварот Ерменија – Македонија ќе се игра во недела во 18:00 часот.