Младо девојче денеска загина откако паднало од брод за крстарење во близина на Каналските острови во Ла Манш, јавува Би-Би-Си.
20-годишно девојче паднало од брод за крстарење на една од водечките компании MSC Cruises додека бродот Virtuoz пловел кон Саутемптон.
Француската служба за пребарување и спасување соопшти дека девојчето било извлечено од морето со хеликоптерска единица, а лекарите подоцна констатирале смрт.
Истрагата за смртта е во тек, предводена од британската и француската полиција.
Сопственикот на бродот, MSC Cruises, во соопштение изјави дека се длабоко тажни поради овој трагичен настан и дека нивните мисли се со семејството во овој тежок момент.