Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац, изјави дека неговата држава го смета генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за персона нон грата. Причината е поради тоа што не го осудил иранскиот напад на израелска територија, и поради, како што кажа, неговот антисемитско и антиизраелско однесување.
На 2 октомври Кац изјави дека му забранува на Гутереш а влезе во земјата.
Иран лансираше повеќе од 180 балистички ракети кон Израел на 1 октомври, за време на ескалација на борбите во Либан меѓу Израел и Хезболах.