Едно лице загина, а девет се ранети во пукотницата што се случи на парадата на Универзитетот во Тенеси, соопштија од полицијата во Нешвил, пренесоа американските медиуми.
Меѓу повредените, никој не е во критична состојба, соопшти локалната болница, пренесе ABC News.
Престрелката се случила меѓу две групи луѓе, а од полицијата велат дека меѓу повредените има и случајни минувачи.
Инцидентот се случил на парадата на Универзитетот во Тенеси каде веќе биле распоредени полицајци и пожарникари, а полицајците брзо реагирале по пукањето и им помогнале на повредените.
На местото на настанот е запленет пиштол, соопшти полицијата во Нешвил.
Мотивите за пукањето се уште не се прецизирани.