Повеќе од 60 луѓе се повредени во напади со дронови во северен Израел. Според извештајот на итната помош, неколку лица се тешко повредени и се во критична состојба.
Сè уште нема информации за смртни случаи, но ова се смета за еден од најголемите напади врз Израел од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток на почетокот на октомври минатата година.
Хеликоптери и амбулантни возила ги евакуираа сите повредени“, соопшти службата за итна помош.
Медицинскиот центар Хилел Јафе на северот на Израел, јави дека лекува 36 лица од нападите. Веста доаѓа откако Хезболах во неделата во текот на денот изјави дека испалил серија на беспилотни летала.
Милитарната група објасни дека нападот бил како одговор на израелските напади во Либан во четвртокот, во кои погинаа 22 лица, а преку 100 се повредени.
URGENT: #Hezbollah #Drone Strike Targets Israeli Soldiers
A devastating drone attack by Hezbollah has reportedly hit the Golani Brigade military base, leaving 40 Israeli soldiers dead or injured.
Over 50 ambulances rushing to the scene.#Israel
— H2O (@schoolofbharat) October 13, 2024