Благоја Милевски, селекторот на Македонија истакна задоволство до победата над Ерменија во Ереван после натпреварот.
Тој рече дека критиките се секогаш добродојдени за зацврстување на ставот како треба да се продолжи по исправниот пат.
„Како човек лично сум поисправен и поцврст во својот став и своите одлуки повеќе кога губам, отколку кога победувам. Поисправен сум и порешителен што сакам понатака кога ги добивам најголемите критики. Да, критики треба да има, и секогаш сум за, но знам дека мора да бидат издржани, фудбалски и во насока на подобрување на нештата. Оние сите други, поради нечии лични интереси, секако не можам да ги земам во предвид“ – истакна Милевски и дополни:
„Јас многу добро знам во што верувам. А, силно верувам во овие момци, во овој широк мој тим. Тоа е единствено што ме води напред. Се додека тимот и фудбалерите функционираме вистински, тоа е единствено меродавно. А, во овој тим почнав да верувам по оние 1-1 со Италија во Скопје, против актуелниот европски шампион. После тој дебакл од 7-0 во Манчестер, тие момци така да одреагираат против европскиот шампион тоа беше вистински показател колку можат и колку знаат. Да, после на пријателските дуели свесно прверувавме комбинации и играчи за да токму чекориме на патот кој сега го одиме, заради позитивната иднина на македонскиот фудбал“.