Не е познато кога ќе се случи напад кој би можел да го турне Блискиот исток во целосна катаклизма, а во меѓувреме САД испраќаат моќни системи во Израел кои ќе ја штитат земјата од Иран во иднина.
Нетанјаху и рекол на американската администрација дека Израел ќе напаѓа само воени цели во Иран. САД веќе јавно кажаа дека нема да
поддржат израелски напад врз иранските нуклеарни и нафтени постројки. Токму овој став на САД е причина зошто Израел се откажа од несразмерниот одговор на иранскиот напад што се случи пред две недели.
Минатата недела Бајден му честиташе на израелскиот премиер за „интензивните и решителни акции против Хезболах“ – пишува Euronews .
Извори блиски до Израел тврдат дека Нетанјаху нема да ги нападне иранските нуклеарни постројки. Иран истрела околу 180 проектили врз Израел пред две недели како одговор на бруталните напади на ИД-А и Мосад врз штабовите на Хезболах, кои резултираа со смрт на нивниот лидер Хасан Насрала. Веднаш по иранскиот напад, Израел најави одмазда, но кога ќе се случи нападот, кој би можел да го ескалира актуелниот конфликт до крај и да го претвори во многу поголема војна, останува непознато.