Врз основа на прегледот, утврдено е дека 37-годишен маж се обидел да се самоубие откако го убил синот и бил задржан во болница, извести унгарската полиција.
Страшниот инцидент се случил во унгарското село Закон, кое се наоѓа во близина на границата меѓу Хрватска и Унгарија. Имено, пронајдено е безживотно тело на двегодишно дете, а за убиството на детето е осомничен неговиот татко, кој со амбулантно возило е пренесен во болница со повреди опасни по живот.
Унгарската полиција извести дека врз основа на прегледот било утврдено дека 37-годишен маж се обидел да се самоубие откако го убил својот син. Таткото е задржан на лекување во болница, а поради сомнение за сторено кривично дело убиство, унгарската полиција поведе постапка против мажот.