Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, следната недела ќе се сретне со лидерите на земјите од Западен Балкан, соопштија од ЕК.
Според официјалниот календар, таа ќе ги посети Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора од 23 до 26 октомври.
Посетата ќе биде потврда за посветеноста на Европската комисија кон регионот и ќе овозможи фон дер Лајен да го промовира Планот за раст — најголемиот пакет на Европската унија досега за Западен Балкан.
Овој пакет, вреден 6 милијарди евра, ќе биде распределен на земјите според бројот на жители и бруто домашниот производ. Дел од средствата ќе бидат исплатени како грантови, а остатокот како поволни заеми.