Дрон од Либан денеска беше лансиран кон приватната резиденција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во градот Цезареја на северот на Израел, соопшти неговиот портпарол.
Тој додаде дека израелскиот премиер не бил во близина и дека во тој напад нема жртви, пренесува Ројтерс.
Медиумите рано утринава објавија дека силна експлозија се слушнала во Цезареја поради, според полицијата, „очигледен напад со дрон“.