Голема сообраќајна несреќа во Полска, откако се судрија 18 автомобили и три камиони, некои возила се запалија. Во оваа масовна несреќа загинаа четири лица, меѓу кои и деца.
Несреќата се случила синоќа после 23 часот во близина на Гдањск.
Според првичните сознанија, 37-годишен камионџија удрил во автомобилот што возел пред него. Потоа удрил во заштитната ограда. Потоа во него се судриле еден куп возила и дел од нив се запалиле.
Анджеј Пјечовски од противпожарната служба во Гдањск за онлајн порталот „ Завзе Поморзе “ изјави:
„Во сообраќајната несреќа учествувале 18 автомобили и три камиони. 15 лица се повредени и пренесени во болници. За жал, загинаа четири лица, меѓу кои и две деца“, рече тој.