Кандидатот за претседател на САД од Демократската партија Камала Харис изјави дека нејзиниот противкандидат Доналд Трамп ја згрозува функцијата претседател на САД, пренесе Франс прес.
Харис го даде овој коментар за време на интервју за MSNBC. Изјавата дојде откако Трамп ја нарече „гаден потпретседател“ за време на предизборниот митинг еден ден претходно.
„Претседателот на САД мора да го постави стандардот, не само за нашата нација, туку и за улогата што нашата нација ја игра во светот“, рече Харис. „Однесувањето на мојот противкандидат, кој исто така е поранешен претседател на Соединетите Американски Држави, го згрозува претседателството“, додаде таа.
„Кога човек ги претставува Соединетите Држави, тој влегува во светските сали со заслужен авторитет и легитимитет да зборува за важноста на демократијата и владеењето на правото“, рече Харидес.
Во саботата Трамп го нарече Харис и најлошиот потпретседател на САД, и рече дека е отпуштена и дека треба да излезе, потсетува Франс прес.