Најмалку 13 лица загинаа, а 57 се ранети во израелски напад во Бејрут, во близина на најголемата државна болница во Либан, е новиот официјален биланс од вчерашниот напад. Како што се наведува, меѓу загинатите има и едно дете.
Болницата Рафик Харири, која беше оштетена во нападот, се наоѓа на периферијата на јужните предградија на Бејрут, каде што проиранското движење Хезболах е исто така упориште.
Министерството за здравство соопшти дека 17 ранети се хоспитализирани, а седум од нив се во критична состојба.
Најмалку 1.489 луѓе се убиени во Либан од 23 септември, кога се интензивираа израелските напади врз цели на Хезболах, покажуваат податоците на АФП врз основа на официјални извори.