Лекарски скандал во Шведска. Во Упсала, 33 жени морале да направат хистеректомија, хируршко отстранување на матката, но за тоа немало причина.
Реагираше и министерот за здравство на Шведска, Анкарберг Јохансон кој истакна шокираност од настанот.
„Ова е ужасно сознание“, рече Јохансон.
Погрешните дијагнози се случиле во универзитетската болница во Упасала. Во пролетта 2024 година било забележано дека бројот на хируршки зафати е зголемен. Управата на болница се одлучила да спроведе внатрешна истрага, по која бил откриен скандалот.