Германскиот канцелар Олаф Шолц, денеска одби да одговори на повикот на украинскиот претседател Володомир Зеленски за членство на Украина во НАТО.
Барањето е содржано во „планот за победа“ на украинскиот претседател.
„Важно е да се сфати дека земја во војна не може да стане членка на НАТО. Тоа на сите им е јасно, и нема несогласување по ова прашање.“, рече Шолц.