Членството на НАТО не е пречка за приклучување кон БРИКС, рече портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, кој ја спомена Турција како пример.
Песков исто така изјави дека ниту учеството во ЕУ не е пречка за приклучувњае кон БРИКС.
Кон крајот на септември, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека евентуалниот пристап на Турција во БРИКС нема да значи дека земјата се откажува од НАТО.
Турција не ја потврди информацијата дека поднела кандидатура за членство во БРИКС, но не го крие интересот за оваа можност.
Ердоган ќе учествува како гостин на самитот на БРИКС во турскиот град Казан.