Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека вооружените сили на Украина изгубиле стабилна контрола над опколените единици во руската област Курск.
„Вооружените сили на Украина се обидуваат да го деблокираат опкружувањето на нивните единици во областа Курск, но тие веќе изгубија стабилна контрола над нив“, рече Путин во интервју за каналот „Русија-1“.
Еден ден претходно, рускиот претседател објави дека околу 2.000 украински војници се опколени во областа Курск, пренесува ТАСС.