Военото крило на Курдистанската работничка партија (ПКК) ја презеде одговорноста за нападот во Анкара во кој загинаа најмалку осум лица.
Во соопштението на ПКК се наведува дека нападот, кој се случи во средата, на 23 октомври, го извршиле двајца членови на „Баталјонот Бесмртниот“ и дека тоа е одговор на „масакрите“ и другите акции на Турција во регионите каде живеат Курдите, објави АП.
На 23 октомври двајца напаѓачи, маж и жена, со автоматски пушки и експлозиви го нападнаа седиштето на Турската воздушна индустрија во Анкара. Во нападот се ранети 22 лица.
Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја вчера потврди дека мажот е член на ПКК, додека жената се уште не е идентификувана.