Најмалку 16 лица, меѓу кои и двајца полицајци, загинаа во престрелка меѓу членови на две криминални групи на југот на Мексико, соопшти мексиканското Министерство за одбрана.
Министерството наведува дека во престрелката се повредени четворица полицајци и тројца војници на Националната гарда кои дошле од блиската база, одговарајќи на пукањето од криминални групи, и дека нивната состојба сега е стабилна. За пукањето се уапсени 11 лица, соопшти Министерството, пренесе Ројтерс.
Се посочува дека пукањето се случило во четвртокот во мексиканската држава Гереро во рурален планински регион кога се судриле два картели, борејќи се за превласт