Тројца новинари беа убиени во израелски воздушен напад во јужен Либан во петокот, потврдија нивните колеги, што е најновото случување што наиде на осуда од активистите за права поради бројот на новинари убиени во регионот во изминатата година.
Израел ги негира тврдењата
Комитетот за заштита на новинарите (CPJ) соопшти дека „остро го осудува“ нападот и ја повика меѓународната заедница да стави крај на „израелскиот модел на неказнивост“ за убиствата на новинари.
Израел, кој ги негира наводите за намерно таргетирање новинари, не одговори на наводите на CPJ.
Непрофитната организација вели дека минатата година била најсмртоносната за новинарите во последните 30 години, со 126 новинари и други медиумски работници убиени во Газа, Либан и Западниот Брег.
Двајца новинари од телевизиската мрежа Ал-Мајадин и еден новинар од Ал-Манар беа убиени во напад во текот на ноќта врз голем број куќи во Хасбаја, град на југот на Либан.
Ал Мајаден е либански сателитски информативен канал поврзан со Хезболах и Иран. Седиштето на телевизијата е во Бејрут од јуни 2012 година.
Ал-Манар е исто така либанска сателитска телевизија во сопственост на Хезболах.
Во моментот на израелскиот напад на локацијата во Хасбаја имало 18 новинари.
Специјалниот известувач на ОН за слободата на мислата и изразувањето Ајрин Кан, поранешна адвокатка од Бангладеш, напиша на X дека „намерното убиство на новинари е воено злосторство“.
Израелската армија соопшти дека неколку часа по нападот добила информација дека биле погодени новинари. „Инцидентот се анализира“, додаваат од армијата.