Гласачките места во Грузија се затворени по денешните парламентарни избори, на кои многу граѓани гледаат како одлучувачки глас за можноста за влез во Европската унија.
Централната изборна комисија на Грузија вечерва соопшти дека владејачката партија Грузиски сон освоила 52,99 отсто од гласовите, по парламентарните избори во таа земја, кои се сметаат за референдум меѓу Русија и Европската унија.
ЦИК ги објави прелиминарните резултати откако беа преброени 97 отсто од електронските гласови. Грузијците гласаа во земјата по електронски пат и со хартиени гласачки ливчиња.
Не беа пребројани сите гласови на Грузијците во странство. Претходно денеска опозициските партии објавија дека победиле.
Ако Грузискиот сон освои парламентарно мнозинство, тоа ќе ги подгрее стравувањата за кандидатурата на земјата за членство во ЕУ, која беше ставена во мирување од Брисел на почетокот од оваа година, откако владејачката партија усвои закони кои ја задушуваат слободата на говорот.