Целта Европската унија и земјите-кандидати да бидат подготвени за проширување, затоа што 2030 година се уште е остварлива, изјави претседателот на Европскиот совет во заминување Шарл Мишел во интервју за European Newsroom, чиј дел е и Фена.
Тој повика на заврзување на процесот на проширување на ЕУ, нагласувајќи ја стратешката потреба за интеграција во европското семејство на земјите од Западен Балкан, Украина и другите земји кандидати. Мишел истакна дека ЕУ мора да се подготви за идното проширување преку внатрешни реформи, притоа задржувајќи го моментумот кон пристапувањето на земјите кандидати, на кои исто така им претстои значајна работа.
„Апсурдно е ЕУ да не го забрзува овој процес“, рече Мишел, мислејќи на потребата од поголема стабилност, безбедност и просперитет во Европа.
„Се подготвуваме за последиците од проширувањето, вклучително и финансиска солидарност и поагилен процес на донесување одлуки “, нагласи Мишел, нагласувајќи ја потребата од прагматични решенија што ќе и овозможат на ЕУ да се прилагоди на новата реалност со повеќе земји-членки.
Но, покрај напорите на Европската унија, Мишел јасно стави до знаење дека и земјите кандидати мора да постигнат значителен напредок.
„Тие земји знаат што треба да направат. Кога бараме реформи, тоа не е само формалност. Ова е од клучно значење за да се осигураме дека споделуваме исти вредности и стандарди“, нагласи тој, нагласувајќи ја важноста на реформите во владеењето, мерките за борба против корупцијата и усогласувањето со правната рамка на ЕУ.