Работничката партија на Курдистан (ПКК) ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во близина на Анкара во кој загинаа пет лица.
Во соопштението за печатот на военото крило на Курдистанската работничка партија, се наведува дека нападот врз просториите на воздухопловната и одбранбената компанија ТУСАС го извршиле двајца припадници на единицата „Баталјон Бесмртниот“ како одговор на турските масакри и други акции во курдските региони.
Маж и жена упаднале во просториите на ТУСАС на периферијата на Анкара, поставиле експлозив и почнале да пукаат. Загинаа четворица работници. Напаѓачите пристигнале во компанијата со такси, кое го киднапирале и го убиле возачот.
Турција веднаш ја обвини ПКК за нападот
Напаѓачите беа убиени во судир со безбедносните сили, а во нападот беа повредени повеќе од 20 лица.
Турција веднаш ја обвини ПКК за нападот и започна серија воздушни напади врз локации и објекти за кои се сомнева дека ги користи групата во северен Ирак или северна Сирија. ПКК е забранета во Турција, а тамошните власти ги сметаат нејзините членови за терористи.