Синоќа нешто пред 23:00 часот во Франција во автомобилот на неговиот татко е застрелано 5-годишно дете во главата.
Момчето било на задното седиште во автомобилот на неговиот татко кога пукале во возилото. Според првичните информации, семејниот автомобил бил бркан и нападнат од лица со качулка.
Од Брзата помош потврдија дека е застрелано момче (5) и дека сега лекарите се борат за неговиот живот.
Како што пренесува „Ле Паризиен“, таткото рекол дека во автомобилот од кој биле нападнати имало „мажи со качулки“. Тие брзо отвориле оган и удриле во багажникот и задното стакло.
Таткото не е повреден, но е во „шокирана состојба“.