Девојчето од Србија починало откако била нападната од нејзината постара сестра.
Германските медиуми објавија дека 13-годишно девојче до смрт ја избодело својата помлада сестра (7) во петокот вечерта во Лајпциг, а Санџакпрес дознава дека се работи за семејство од Тутин на југозападот на Србија.
Според германските медиуми, 13-годишното девојче сама се јавила во итната помош и ја известила полицијата. Полицијата не соопштува какво оружје е употребено во убиството, но медиумите велат дека најверојатно се работи за нож.
По пријавата, полицијата пристигнала во станбената зграда во населбата Клајнзшохер и таму затекнала тешко повредено дете. Девојчето било пренесено во болница, но не можело да се спаси.
Нејзината тринаесетгодишна сестра моментално е под надзор на психолог во специјална болница.
„Родителите не биле во станот кога се случила трагедијата“, соопшти полицијата.
Не е познато што му претходело на трагичниот настан.