Потпретседателката на Соединетите Американски Држави, Камала Харис денеска изјави дека не е загрижена поради телефонските разговори меѓу поранешниот американски претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Не“, одговори Харис на прашањето дали мисли дека разговорите меѓу републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и Нетанјаху можат да го поткопаат она што сегашната американска влада се обидува да го постигне во регионот на Блискиот Исток, пишува „Тајмс оф Израел“.
Демократската претседателска кандидатка Камала Харис се соочува со Трамп во, според анкетите, тесна трка за претседателските избори во САД, кои ќе се одржат на 5 ноември.