Францускиот премиер Мишел Барние беше опериран поради лезија на цервикалниот ‘рбет, соопшти денеска неговиот кабинет.
Според извештаите, операцијата, која била извршена за време на викендот, поминала добро и Барние (73) продолжил да работи и денеска, објави Политико.
Резултатите од анализата на лезијата ќе бидат познати за неколку недели, велат од кабинетот.
Барние во четврток ќе ги продолжи активностите во Советот на министри, а денеска разговараше со владината портпаролка Мод Брејон и со министерката задолжена за односи со парламентот Натали Делатре.
Според француските медиуми, хируршката интервенција била планирана неколку недели, а Барние бил следен од лекари пред да ги преземе должностите на премиерот.