Бројот на загинати во катастрофалните поплави во Шпанија денеска се искачи на најмалку 140 лица, од кои повеќето, повеќе од 100, во областа Валенсија, соопштија владини извори, пренесува агенцијата ЕФЕ.
Претходно беше објавено дека во поплавите загинале најмалку 95 лица.
Жртви има и во Кастилја-Ла Манча и Андалузија, објави Паис.