Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров планира да ја посети Малта во декември за да учествува на состанокот на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), објави во петокот весникот „Ведомости“, цитирајќи ја изјавата на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Тоа ќе биде прва посета на Лавров на која било земја од Европската унија откако Русија испрати десетици илјади војници во Украина во февруари 2022 година и ја започна војната што продолжува денес.
Амбасадата на Малта во Русија потврди за Ведомости дека одлуката да се одржи состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ на медитеранскиот остров на 5 и 6 декември „се однесува на сите членки, вклучително и на Руската Федерација“.
Лавров присуствуваше и на министерскиот совет на ОБСЕ и во Скопје, одржан во ноември минатата година.