Пронајдено е телото на Роланд Дрекслер, кој во понеделникот уби две лица во Австрија, меѓу кои и градоначалник, јавуваат локалните медиуми. Полицијата свика прес-конференција во 15 часот. ОЕ24 пишува дека телото го пронашле во шума.
Да потсетиме, во петокот беше пронајден автомобилот со кој избега 65-годишниот убиец. Кронен цајтунг јавува дека во автомобилот било пронајдено оружје, а набргу потоа и телото на бараниот ловец.
Во Алтенфелден, кој со денови беше под полициска блокада, луѓето беа олеснети. Полицијата се пакува и полека го напушта местото.
Телото на убиецот најверојатно било пронајдено во близина на неговиот автомобил, јавуваат медиумите. Се претпоставува дека 65-годишникот се самоубил. Тимот за брзи интервенции наводно го пронашол Дрекслер мртов.