Најмалку 36 лица загинаа, пет се водат како исчезнати, а 10 потешко повредени откако автобус со 60 патници излета од патот и падна во провалија во близина на Марчула во областа Алмора во Индија.
Службеникот за управување на катастрофи истакна дека повредените се пренесени во болница.
„Повредените се пренесени во блиските болници на лекување. Локалните жители им помагаат на спасувачките екипи да ги лоцираат патниците кои се заробени под автобусот“, рече Винет Пал.