Вицепремиерот Изет Меџити на денешната Тема на денот во вестите на ТВ Сител изјави дека општините во Република Македонија ќе добијат дополнителни 50 милиони евра за проекти.
Во оваа прилика Изет Меџити изјави: „ Во петок заедно со премиерот ќе ги поканиме сите градоначалници за нови 50 милиони евра кои што се од Министерство на животна средина преку кредит земе од Европска инвестициона банка кои што бил на располагање на министерството, но кога дојдовме имаше 0 реализација“.
За потсетување, по промена на власта, новата Влада направи ребаланс на Буџетот за 2024 година со кој беа предвидени 100 милиони евра за општините. Во текот на изминатиот месец беа потпишани договори меѓу Владата и единиците на локалната самоуправа со кои ќе се отпочне со
имплементацијата на проектите што се во интерес на граѓаните.